Почина таткото на антибеби таблетите


Пронаоѓачот на контрацептивните пилули, австрискиот хемичар Карл Џераси почина во 91-та година од животот во својот дом во Сан Франциско, по борбата со карциномот, јавува „Танјуг“.

Џераси долго време беше во лоши односи со својата родна земја, Австрија. Тој е роден во Виена, како син на Бугарин и мајка Австријка, која поради венчавката земала бугарско државјанство. Ова еврејско семејство се преселило во Бугарија од каде Џераси со својата мајка се вратиле во Виена, која се развела однеговиот татко.Carl_Djerassi

Мајка му по враќањето го добиланазад австриското државјанство, додека на Џераси барањето му било одбиено. Дури во 2004 година како заслужен граѓанин тој добил австриски пасош, а тогаш веќе бил државјанин на САД.

Во 1938 година Џераси бил протеран од нацистичката Виена во САД, каде останал да работи како научник, хемичар.

Светската слава ја стекнал благодарение на две откритија: синтетизација на хормонот кортизон, со што е овозможено масовно производство и во 1951 година синтетизација на хормонот гестаген, од кој заедно со двајца други американски научници, ја развил контрацептивната пилула.

Тој отсекогаш го одбивал називот антибеби пилули, бидејќи како што говорел, станува збор за пилула за спречување на несакана бременост, а не лек насочен против бебињата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1