Челзи Камп и нејзината ќеркичка Макензи одвај го преживеале нападот од питбул во нивниот дом во Алвин во американската држава Тексас.
Храбрата мајка буквално со сите сили се борела со побеснетото куче кое ја нападнало нејзината 2-годишна ќерка при што му го одгризала увото и му ја забила раката во уста.
Кучето, кое инаку му припаѓа на момчето на Челзи, влегло во собата во која спиело девојчетои. бил мирен додека не го намирисал другото куче со кое си играло девојчето на нејзината облека. Одеднаш скокнало врз девојчето и ја нападнало, а мајката реагирала инстиктивно и веднаш скокнала врз кучето за да си ја спаси ќеркичката.
Во борбата со питбулот таа му одгризала дел од увото, но тој не се поместил и продолжил со нападот врз девојчето.
Челзи тогаш со сета сила му ја забила својата рака во уста што го зашеметило. Полицијата по пристигнувањето во нивниот дома веднаш го застрелала кучето, а мајката и ќерката ги нашле на подот од тоалетот.
Повредите на девојчето биле толку сериозни што со хелихоптер веднаш била пренесена во болница каде што поминала на операција дури седум часа. Се здобила со рани и по целото тело, но најмногу по главата и лицето.
Нејзината мајка при борбата се здобила со рани на рацете. Тие две денес успешно заздравуваат.