Би било паметно да не се одгледува овошје и зеленчук во областа Фукушима во Јапонија во наредните сто години, бидејќи тоа што во моментов расте ретко кој би се осмелил да го проба.
Една корејска веб-страна собра колекција на слики од производи од градовите и селата околу хидроцентралата Фукушима. Ова што ќе го видите воопшто не е убаво за гледање, а камо ли за јадење.
Две пченки во едно, половина мандарина зелена, половина портокалова, џиновски зелки, по неколку репки на еден корен, два сончогледи во едно. Се уште не е познато каков ефект може да предизвика јадењето на ваквите производи врз населението, но лекарите тврдат дека тоа може да биде прилично опасно.