2 години затвор за внукот на Рафиз Алити за пожарот во Пошта


Првостепената пресуда денеска ја соопшти Основниот суд Скопје 1, а одлуката беше оправдана со вештачењето кое покажало дека човечки фактор е причината за избувнувањето на пожарот. Одбраната, пак, го оспоруваше вештачењето, сметајќи дека причина за пожарот е неисправна електрична инсталација, пишува Фокус.

postaГенералниот директор на „Пошта“, Рафиз Алити се откажа од кривичниот прогон на внукот, кој ја извршуваше функцијата шеф на кабинетот на директорот, како и од материјално побарување.

Директорот Алити истакна дека штетата од 100.000 евра ќе ја покрие осигурителната компанија, иако според последниот извештај на Државниот завод за ревизија, исплатата не е сигурна, бидејќи ревизорите утврдија дека објектот не бил осигуран на време.

Во пожарот беше уништен и муралот на сликарот Борко Лазески.

На Фазлиу, му се закануваше казна затвор од една до десет година, а до правосилноста на пресудата, ќе се брани на слобода.

Фокус

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1