Плати или ќе ве оцрниме: Минчо го уценувале со жена му и ќерка му -Трифун за местење натпревари


Бизнисмените Минчо Јорданов и Трифун Костовски, денеска сведочеа во случајот „Шпион“. Според нивните искази тие иако со некои од обвинетите некогаш соработувале, подоцна тие ги уценувале и им изнудувале пари.

cvetanov-stojkov bozinovski

Во текот на 2010 година, според обвинителството дел од обвинетите му се заканувале на бизнисменот Минчо Јорданов.

minco jordanovЌе пишуваме дека жена ти е замешана во трговија со органи, а ќерка ти и нејзиното момче во трговија со кокаин, вака бил уценуван бизнисменот Минчо Јорданов.

Еден од обвинетите земал 12.600 евра за да се ангажира и да најде лице кое ќе врши притисок врз Јорданов за  сериозно да ги сфати заканите и да плати, бидејќи според исказот на Јорданов тој не потклекнал и никогаш не им исплатил некакви пари на ниту еден од обвинетите.

-Добивав пораки, со гнасна содржина, кои го нарушуваа мојот углед но и на моето семејство. На сајтот „Буревесник“ се објавуваа текстови од новинарот Божиновски кои служеа за уцена и притисок, а дури ја вмешаа и мојата сопруга, па се одеше дури до таму дека „Ремедика“ е вмешана во  трговија со органи, а дури и дека ќерка ми и момчето биле вмешани во трговија со кокаин, рече Јорданов.

Потоа почнал да добива и уценувачки мејлови и смс пораки.

„Треба да расчистиш со Миќо, бидејќи имаш обврски“,

„Да седнеш со Миќо да го расчистиш побарувањето“.

За да престанат заканите бев принуден да свикам состанок со Миќо Насковски, кој на состанокот дојде со Марјан Маџовски, Зоран Витанов и техничкиот директор„, рече Јорданов пред судот.

Кои се обвинетите во Шпион

trifun kostovskiСведоци беа и Трифун Костовски и неговиот син. И тие биле мета на уцените на Зоран Божиновски. Според сведочењето, не им била побарана конкретна сума пари, но Трифун Костовски и син му биле уценувани дека на виделина ќе излезат наводни документи за наводно местење фудбалски и ракометни натпревари.

Меѓу уценетите бил и адвокатот Сашко Лазаров. Сведочеше дека некој што личел на Божиновски, дошол кај него во канцеларија и му се претставил како инспектор на ДБК

-Ми бараше 300.000 евра, кога не доби симна на 50.000 евра. Јас го пријавив во полиција, додека се договоривме со полицијата како да го наместиме, за да има докази за уцената, тој ми се јави и рече дека е информиран дека сум го пријавил, поради што ми се закани дека ќе сум страдал, заврши сведокот.

Дај 30.000 евра или отиде кариерата – уценувани бизнисмени во „Шпион“

Според обвинителството го уценувале и лицето Димитар Димовски. Според обвинителството, од ова лице тие се обиделе да изнудат 30.000 евра преку СМС пораки во кои му најавиле дека за него постои досие кое не е предмет на лустрација

Вторник, 18 февруари 2014 – „Ова ти е втор поздрав, твојот кодошки живот вреди 30.000 евра, имаш 20 часа да ги спремиш и да чекаш инструкции, ако пријавиш ќе те кошта глава!“, ова е една од СМС пораките

„Ученикот стана глумец, кодошче едно не ме интересира дали имаш бизнис и што правиш, имаш рок до недела да спремиш 30.000 евра или ќе умреш како куче. Ако пријавиш, ќе почнеме од жена ти, па по ред, купи си го гревот до недела, одговори со да или не. Ако си паметен се ќе заврши засекогаш, ако не, нема веќе кариера биди паметен“.

По оваа СМС порака, на оштетениот привремено му се јавувале и му давале инструкции како да ја предаде бараната сума од 30.000 евра. Еден од обвинетите, во почетокот на март истата година го чекал пред зграда оштетениот, па откако овој му ги фрлил парите на задното седиште, обвинетиот веднаш бил лишен од слобода.

 

 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1