Кои се обвинетите во Шпион


Од дваестината осомничени за шпионажа најголемиот дел се припадници на безбедносните служби a има и неколкумина јавни личности:

cvetanov stojkov

1. Генерал Горан Стојков

Поранешниот генерал, кој пред десетина години веќе беше притворан за Раштански лозја – беше во притвор со уште неколкумина една година, за во 2005 та Основниот суд Скопје 2 им изрече ослободителни пресуди, кои подоцна беа потврдени и од Апелација. Обвинет беше и за сомнителни набавки од 2001 година, е 11-то осомничен во случајот „Шпион“. 

Неговата кариера беше метеорска за време на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, 1998-2002. Стојков за време на конфликтот и по тоа беше Командант на единицата за брзи интервенции „Лавови“.  По промената на власта, тој веќе беше во немилост. Пред да започнат судските процеси, за кои беше ослободен по неколку години судења во сите инстанци, тој прво беше деградиран во службата, со тешки обвиненија од МВР.

Потоа следеше неговото апс

2. Ване Цветанов

cvetanov_thirdЦветанов, има 35 години, стана познат на македонската јавност во 2006 година, кога од новата власт на ВМРО-ДПМНЕ беше именуван за директор на Управата за перење пари. На функцијата остана 4 години, се до 2010 година, кога не очекувано си поднесе оставка. Потоа одреден период беше надвор од земјава, но се врати пред околу две години и веднаш политички се активираше во партијата на Љубчо Георгиевски, ВМРО-Народна, и важеше за жесток критичар на власта.

Сега полицијата го сомничи дека во 2011 година остварил контакт со првоосомничениот Марјан Ефремов и новинарот Зоран Божиновски, и предал доверливи документи кои не смеел да ги поседува.

Инаку, ова не е прва првијава за Цветанов. Во 2011 година против него МВР поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба, бидејќи го оштетил буџетот за околу 12.000 евра. Дали и како заврши процесот, јавноста не дозна.

Сега е обвинет дека – Информациите ги добивале од кртот” во Државниот архив, поранешниот директор на Финансиската полиција, Ване Цветанов, или од соработниците во МВР, а потоа со помош на новинарот Божиновски барале пари за да не ги објават. Во уцените учествувале повеќе обвинети во зависност од жртвата.

 3. Александар Диневски

aleksandar dinevskiИсто како и претходните двајца, и Диневски има минат труд во ВМРО-ДПМНЕ. Во 90-тите беше дел од информативниот центар на партијата, познат како КСИО. Инаку, тој речиси целиот свој работен век го поминал  како дел од безбедносните служби во Македонија, пред се во Службата за државна безбедност.  Тој е еден од познатите „осуммина од МВР“, кои пред распадот на Југославија ја најавија демократизацијата на земјава.

Тој последните години имаше сопствена приватна детективска агенција.

4. Марјан Маџовски

marijan madjovski

Маџовски можеби е малку познат на пошироката јавност, но тој веќе 8 години се наоѓа на многу висока позиција – шеф на Кабинет на Претседателот на Собранието.

Прво, на сега покојниот Љупчо Јордановски во времето на СДСМ, па потоа, по промената на власта и на двајцата претседатели од ВМРО-ДПМНЕ – Љубиша Георгиевски и Трајко Вељановски. Која е неговата улога во „Шпион“ се уште не се открива, но неговата пасија за досеија и тајни служби се насетуваше уште кога беше промовиран како еден од творците на законот за лустрација, за што добил околу 2.000 евра. Еве што за ова изјавил за еден од дневните весници:

Инаку, тој минативе години важеше за човек кој силно се залага процесот на лустрација да продолжи и земјава да расчисти со кодошите.

5. Зоран Божиновски

Контроверзиниот новинар, кој веќе пет години не живее во Македонија, е последен на листата, но е најблиску до првообвинетите. Иако е далеку од земјава, веројатно во Белград, тој имал чести контакти со повеќето од групата. Осомничен е дека преку него се остварувале заканите за тие бизнисмени што не сакале да платат за уцените со компромитирачки документи.

Божиновски во земјава имаше чести проблеми со законот, пред се тој за клевета и навреда. Има околу 70 кривични пријави.

ZoranBozinovski-640x365Пред околу 10-тина години, тој во кумановското радио Тумба беше крвнички претепан. Заврши на интензивна нега со гипс на едната рака, скршени три прсти, левата дланка и подлактницата во лонгета, а од удар со кундак во темето на главата доби и пет конци.

Потоа замина од земјава, а неговите текстови и коментари, најчесто со жестоки критики и напади кон актуелната власт, луѓето ги читаа на интернет.

Контроверзниот новинар минативе години го привлече и вниманието на балканските медиуми, со тврдењето дека Тоше Проески не загинал во сообраќајната несреќа.

Во последниот период, тој објави неколку верзии за смртта на Никола Младенов.

Фактор.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1