Лош знак? – Црни чавки ги нападнаа гулабите на мирот на Папата (Видео)


Двата бели гулаба кои Папата Франциско ги пушти како гест за мир на денешната молитва во Ватикан, ненадејно беа нападнати од други птици.

cavki-i-gulabiiiВеднаш штом две деца, кои седеа до Папата, ги ослободија птиците, кон нив се зададоа еден галеб и една голема црна чавка. Едниот гулаб на мирот изгубил неколку пердуви и успеал да се ослободил од галебот, но другиот бил посериозно нападнат и исколван од црната чавка.

Десетици илјади луѓе ја следеа молитвата од плоштадот Св. Петар во Ватикан. Во обраќањето од балконот на Папската палата, Папата Франциско ги пушти гулабите со молитва за мир, пред се во Украина, каде што неколку демонстранти загинаа во антивладините протести.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1