Знаци дека треба да си ги проверите сопирачките – Внимавајте на течноста во сопирачките


Единствено нешто што проверуваат повеќето возачи тука е нивото на течноста, а тоа е многу погрешно. Имено, стара течност во сопирачките е многу опасна за целиот систем

stara kola2На планински патишта со стрмни свијоци, ова може да биде многу опасно, бидејќи на поголема висина атмосферскиот притисок е понизок, па и на водата и се намалува точката на вриење. Тоа може да има опасни последици: при кочењето сопирачките повеќе се загреваат а со нив и течноста за сопирачките. Кога ќе ја достигнат точката на вриење се формираат меурчиња што ја намалуваат силата на сопирање.

Првиот знак на предупредување што укажува дека токму тоа се случило е кога возачот се’ повеќе притиска на педалот за кочницата, се’ додека тој не откаже, а автомобилот едвај забавува. Дека до ова лесно може да дојде потврдуваат и истражувањата на германскиот TUV, од кое се гледа дека во Германија 23% од автомобилите имаат премногу стара течност за кочниците. За жал, вакви истражувања не се прават во Македонија, но со оглед на староста на возниот парк во земјата и финансиската моќ на граѓаните, лесно може да се претпостави дека тој процент е далеку поголем одошто во Германија, каде што многу се внимава на техничката исправност на возилата.

Кои симптоми не смеат да се занемарат

Како прво, поправката на кој било дел во системот за кочење треба да ја направи професионалец. Тоа што возачот треба да го стори е да обрне внимание на перформансите и на какви било промени со сопирачките.

Еве ги најчестите показатели дека нешто не чини со сопирачките и што значат тие:

322646_prodavac-kola_f– При притискањето на педалот за сопирање со слуша стругање. Можни причини: облогите на сопирачките се истрошени и металот се трие од метал;

– Едно тркало се загрева многу побрзо од другите. Можни причини: како последица од многу силни и зачестени кочења, или поради нестручно монтирање се изместиле плочките на сопирачките и тие се искосиле во однос на дискот.

Системот за кочење

– При кочењето автомобилот влече во една страна. Можна причина: воздух во цревото во системот на кочење, грешка во механизмот за сопирање.

– Педалот на сопирачката видливо се тресе при кочењето. Можна причина: протекува цревото од хидрауликата.

– При кочењето управувачот се тресе. Можна причина: искривени дискови на сопирачките

Како да се провери течноста во сопирачките

Проверката со која ќе ја утврдите точката на вриење на течноста во сопирачките не трае подолго од пет минути. Потребни ви се само пет минути за поголема безбедност. Ќе извадите одредена количина на течноста од системот за сопирање и се прегледува на посебен уред.

Уште побрзо исправноста на течноста за сопирачките може да се утврди со помош на светилка на врвот на садот за истата (ако постои), зелено значи дека се’ е во ред, а црвено дека е време да ја замените течноста.

Менување на течноста во сопирачките:

Подготовка: На садот со течноста за сопирање се поставува црево за нејзино истекување: Новата течност за сопирање веќе почнува да кружи во системот, а старата истекува во садот.

Проверка: Нa садот за течноста за кочење постојат знаци, наполнете го до знакот максимум.

Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1