Службата на Итна медицинска помош во текот на изминатото деноноќие транспортирала двегодишно дете со интоксикација на таблети хелекс конзумирано во домашни услови.
Детето во моментот е сместено на клиниката за токсикологија.
Итната медицинска помош извршила 135 интервенции, реагирала при 10 сообраќајни незгоди, а транспортирала и 12 лица со алкохолни коми.
Службата регистрирала тројца повредени од кои два со удари на глава од пад и стаклено шише, а една е семејна повреда во која жртвата има убод од нож во раката.
Курир