Идентификувана 2-та девојка – Си ја убил вереницата и девојката во Кисела вода


По превземените оперативни мерки СВР Скопје го утврди идентитетот на лицето кое што завчеравечер беше пронајдено со прострелна рана во главата во ПМВ “Опел астра” паркирана на улицата “Ѓорѓи Димитров” во скопската населба Кисела Вода. Се работи за Марта П (27) од Скопје.

kola ubistvo
Според првичните информации, се претпоставува дека Марта му била девојка на Ристевски, кој истата вечер ја застрела и својата вереница 27- годишната Виолета Талевска, пукајќи и’ со пиштол во главата.

завчера вечер во 19 часот во стан на посочената улица беше пронајдено телото на Виолета Т. (27) со прострелна рана во пределот на главата а пак триесет минути подоцна на истата улица во паркирано возило беше пронајдено и телото на Марта П. Која во тој момент не беше идентификувана.

Во непосредна близина на овие локации, односно во дворот на ОУ “Круме Кепески” три часа подоцна беше пронајдено и телото на Кирил Р. (34) исто така со прострелна рана во пределот на главата а покрај телото и пиштол марка “Валтер” (којшто Кирил Р. го поседувал со дозвола).

СВР Скопје работи на целосно расчистување на случајот.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1