2 Италијанки грабнати во Сирија – На интернет објавено видео, молат да ги спасат


Видео со обраќање на две млади Италијанки грабнати во Сирија во август 2014 година, се појавија на мрежите со хештагот Syria кој на својот микроблог на Twitter го објави арапски новинар, пренесува во четвртокот телевизијата Tgcom24.

На видеото се прикажани две млади девојки облечени во традиционална женска црна муслиманска облека со покриена глава, но лицата на заложничките се откриени. Една од девојките во рацете држи лист хартија на кој е напишана датата 17-ти декември, а втората зборува на англиски јазик со изразен италијански акцент, а притоа и двете гледаат во земја.italijanki

„Ние сме Грета Рамели и Ванеса Мардзуло. Ја молиме нашата влада и нејзините посредници да нé вратат дома до Божик (католички, кој мина на 25-ти декември). Ние се наоѓаме во голема опасност и може да бидеме убиени. Владата и посредниците се одговорни за нашите животи“, вели, како што претпоставува телевизијата, Рамели.

Според Tgcom24, видеото изгледа многу убедливо, но засега нема потврда за неговата автентичност. Во моментов се прават неопходните проверки за да се осигурат докази дека девојките во црни наметки навистина се киднапираните Италијанки.

Девојките на чиишто профили на Facebook може да се забележат учество на протести против власта на сирискиот претседател Башар ал-Асад во Италија, во Сирија отпатувале со хуманитарни цели. Врската со 21-годишната Ванеса и 20-годишната Грета е загубена ноќта кон 1-ви август, неколку дена по нивното пристигнување во Сирија, но нема информации која од многуте групи кои дејствуваат во земјата е одговорна за нивното грабнување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1