2 македонски лезбејки се разведуваат – судот во Македонија незнае како да им го подели имотот


Уникатен судски предмет во државава. Две жени што биле во во истополов брак во Белгија сега се развеле, а имаат заеднички имот во Македонија и сега нашиот суд треба да им го подели како на брачни сопружници, пишува Нова Македонија.


приказната оди вака – едната жена била во брак со многу богат маж кој починал, а таа го наследила имотот. Жената која е Македонка која живее и работи во Белгија се венчала со жена. И таа е Македонка која живеела во Белгија.

Си биле во брак три и пол години. Шетале низ светот, но и во родната Македонија, каде што си купиле поголем имот. Сега поседуваат недвижнини во Скопје, Охрид и во Крушево. Но сега се разведуваат, а останал проблемот како ќе го поделат имотот што го купиле и скапо го платиле во Македонија бидејќи тој е на име само на едната жена – а според законите ако се во брак по разводот имотот се дели.

Но Македонскиот закон за брак и семејство признава брак само меѓу маж и жена. Значи, судот не може да прифати дека жените биле во брак и сега се разведени.

но земјава пак ги признава сите документи од Белгија, бидејќи потпишала договор за заемно прифаќање на документи.

Поднесено е барање до Врховниот суд да одлучи во кој суд ќе се води една единствена постапка и ќе се дели имотот. Судот ќе треба да утврди кој колку платил за имотот и потоа процентуално и да се подели. Банкарските трансакции најверојатно ќе бидат клучниот доказ кој колку пари дал кога се купувале недвижностите. Бидејќи неможе да им се дели на пола како имот стекнат во брак.

Судот целата процедура треба да ја заврши во најкраток рок. Документите за развод нема да бидат земени предвид.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1