20 годишниот Р.Б. и 19 годишниот Д.О. од Скопје, употребиле пиротехнички средства ракети, но, наместо да се забавуваат, тие заработилее изгореници на рацете.
Инцидентот се случил во понеделникот околу 16,30 часот, на ул. „Благоја Паровиќ“ во Скопје, кога Р.Б.(20) и Д.О.(19) употребиле пиротехнички средства ракети од кои истите се здобиле со повреди изгореници на рацете.
Момчињата веднаш биле пренесени во скопскиот Ургентен, каде им биле констатирани телесни повреди. Р.Б. е задржан за понатамошно лекување.
Против двајцата ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок од ЗППЈРМ.