Прва помош – како да помогнете при повреда од петарди (Видео)


Обично станува збор за поблаги повреди како исеченици, гребнатинки и изгореници од полесен степен, но за жал, има и посериозни повреди каде страда кожата, рацете, прстите, ушите, односно слухот, лицето и очите. За жал, праксата на лекарите зборува дека не се ретки ниту ампутација на прстите на раката, но и повреди на очите и на лицето, па детето мора да го однесете кај хирург.

petardeПосебно се опасни експлозивните направи кои децата сами ги прават. Тоа се најчесто стаклени шишиња во кои децата ставаат експлозив и тогаш ги активираат на одредена оддалеченост. Бидејќи доаѓа до распрскување може да доведе до уште потешки повреди од стакло.

СТРАДААТ ОЧИТЕ

Поради петардите често страдаат и очите, а повредите се многу посериозни од изгореници на капаците, до повреди на надворешните делови на окото, како на пример, рожницата.

Сите овие повреди можат да бидат исклучително сериозни, многу болни и бараат секојдневни преврски и одење кај лекар, а некои можат да предизвикаат трајни последици.

ПРВА ПОМОШ

1357072542-petardeПоради тоа што најчести повреди се изгорениците, па во тој случај би требало да знаете дека повреденото место од изгореници што побрзо треба да се излади.

Најдобро е повредениот дел на телото да го ставите под млаз на студена вода или на изгореницата да се стави мокра студена крпа, бидејќи тоа го забавува понатамошното уништување на ткивото и ја ублажува болката.

Во вакви ситуации, не му ставајте мраз. Ако се работи за поголема изгореница задолжително однесете го детето кај лекар.

МајкаиДете .мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1