Новогодишен возен ред – еве како ќе вози ЈСП


ЈСП Скопје, поради намалената потреба од патувања, во среда ќе почне со работа подоцна за разлика од другите празници.

jsp222Од градските линии, автобусот со број 3 се вклучува по празничен возен ред во 9:45 часот, а автобусот со број 4 во 11:40 часот. Автобусот со број 8 почнува со работа од 11 часот, а автобусот до „Милениумски крст“ ќе сообраќа од 9:40 од Транспортниот центар.

Од приградските линии, автобусот со број 58 од Транспортниот центар ќе тргнува во 7.10, 9 и 11 часот, а во 8 и во 10 часот од селото Св. Петка. Автобусот со број 11 ќе почне да сообраќа во 12.10 часот од Транспортниот центар, а автобусот со број 18 во 13.25 од Транспортниот центар.

Вклучувањето на линиите или првите поаѓања граѓаните ќе можат да ги следат на веб-страницата на ЈСП Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1