Две момчиња на возраст од 24 и 35 години биле застрелани денеска во Хераклион на Крит.
Имало пожар во областа Вианос и момчињата сакале да го снимат со мобилните телефони. Крај нив застанал автомобил од кој излегло едно лице и побарал од момчињата да престанат да снимаат. Момчињата одбиле. Потоа од автомобилот излегле и другите патници, а еден од нив – 30 годишен извадил пиштол и почнал да пука во момчињата.
24-годишниот маж добил шест куршуми во телото, а 35 годишниот бил погоден со еден ситрел. Двајцата се пренесени во Универзитетската болница во Хераклион.
Во Крит деновиве беснеат неколку пожари. Евакуирани се жителите на Вианос, како и селата Кондрос и Марта.