2 скопјани починаа на Инфективна клиника


Од Клиниката за инфективни болести во Скопје информираат дека денеска се починати двајца пациенти кај кои е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца А.

infektivna1Пациентите 10 дена дена биле хоспитализирани на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања. Станува збор за маж на 65 години и жена на 74 годишна возраст, и двајцата се од Скопје.

Починатата жената била со хронична срцева слабост, хипертензија, илатерална бронхопневмонија и подолго време диспноична (со отежнато дишење).

Исто така,починатиот маж боледувал од карцином, со астма, дијабет, акутна бубрежна слабост,прележан мозочен удар и со тешка двострана бронкопнемовија.

И покрај спроведената антивирусна терапија и повеќедневните напори на лекарите кај пациентите е констатирана смрт во текот на денешниот ден.

На клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 115 пациенти, од кои над 60 проценти се со клиничка слика на грип, а 10 се во потешка здравствена состојба и се третираат на одделението за интензивна нега.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1