2 вработени во Министерството за транспорт и врски загинаа во сообраќајка кај Гостивар


Две лица загинаа во страотна сообраќајна несреќа која се случи утринава на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на мостот кај село Колари.

sneg pat policijaНесреќата се случила утринава околу 10:30 часот кога се судриле комби  и патничко возило „Форд-фиеста“, инфоормираат од МВР.

Двете лица кои биле во “Фордот”, маж и жена, вработени во Министерството за транспорт и врски, починале на самото место, додека возачот на комбето, минал со полесни повреди, а неговата сопруга која била на совозачко седиште, со скршеници е пренесена на скопски клиники.

Во тек е увид по кој треба да бидат познати детали за причините за несреќата.

Прес24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1