20 год ја бара мајката да праша зошто ја оставила во болница (Видео)


„Бебето“ Кејт, како што ја нарекувале медицинските сестри, ја бара својата биолошка мајка која пред 20 години ја оставила во болницата. Не ја обвинува, туку како што вели сака само да ја запознае.


news_106440Младата жена која е напуштена и како новороденче оставена во купатилото во една болнца, се одлучила по 20 години да ја пронајде својата билошка мајка.

Девојката која не сакала да го открие своето име, но, медицинските сестри ја нарекувале „бебето Кејт“, е оставена во купатилото во болницата во Салем во 1992 година, а потоа неодамна во истата билница завршила поради воспаление на панкреасот, по што одлучила да ги пронајде одговорите на прашањето за своето потекло.
Родителите ја усвоиле само неколку дена откако биолошката мајка ја оставила, а денеска се надева дека повторно ќе ја види. Веќе ја искористила можноста да ги запознае медицинските сестри кои се грижеле за неа пред 20 години.

„Само сакам да знам зошто си заминала. Местово ми буди многу емоции. Се чуствувам како да се наоѓам во моментот пред 20 години. Ова е местото каде што сум оставена“, изјавила девојката откако го видела купатилото каде што била пронајдена од сестрите, додавајќи дека и е тешко да поверува дека воопшто била оставена.

Ако некогаш открие која и е мајката, би сакала да знае зошто си заминала и дали има браќа или сестри. Нема да ја обвини за ваквата постапка, затоа што сака само да ја запознае. Една од медицинските сестри изјавила дека е супер што може да го види ваквиот среќен крај на приказната и за тоа како прекрасната млада дама израснала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1