20 годишно момче пронајдено мртво во Охрид


Дваесетгодишно момче го загуби животот во новогодишната ноќ во Охрид, објави локалниот портал ohrid1.com.

Дел од медиумите веќе објавија дека машко тело во лежечка положба во новогодишната ноќ забележале полициските службеници на улицата „Цар Самоил“ во Охрид.svr ohrid

Телото е видено околу 02 часот и 30 минути во близина на кафе барот „Табана“, по што со возило на Брза помош е пренесено во Општата болница во Охрид.

На хируршкото одделение, преземени се мерки за медицинска помош но и покрај тоа, лицето починало. По наредба на Јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот.

На улицата „Цар Самоил“, на местото каде беше забележано телото на сега починатиот, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи.

СВР Охрид, презема интензивни мерки за целосно расчистување на овој случај, иако до овој момент во полициската станица не е пријавено нарушување на јавниот ред и мир или друго казнено дело во споменатиот угостителски објект.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1