21 год момче крадело мозоци и ги продавало на интернет


Полицијата во Индијана уапсила еден 21 годишник, поради сомневање дека продавал човечки мозоци преку „Ибеј“

Осомничениот имал шема- прво крадел мозоци од ментално болни пациенти, и ги ставал на продажба на интернет. Се обидувал така да продаде 60 мозоци и што е уште полошо, имало заинтересирани купувачи. Овој случај ја наведе полицијата на неколку важни прашања:

mozok kradel-Осомничениот Дејвид Чарлс наводно украл повеќе од 60 мозоци кои биле чувани во тегли во Медицинскиот музеј во Индијана. Како што се наведува, Чарлс ограбил музеј и ги зел мозоците кои биле чувани уште од обдукцијата во 1890 година.

Се наведува дека некои тегли успеал да ги продаде на сајтот „Ибеј“ преку посредник, и покрај политиката на компанијата да не се продаваат „луѓе, човечко тело, или било кој дел од човечкото тело.“

Шемата започнала да се распаѓа кога извршниот директор на музејот, Мареј Елен Хенеси, примил повик од еден човек од Калифорнија, кој тврдел дека купил шест тегли со мозоци за 600 долари на „Ибеј“.

Човекот се посомневал дека теглите се украдени кога ги споредил со другите тегли на сајтот на музејот. Директорот на музејот потоа повикал полиција. Чарлс бил уапсен на 16 декември и обвинет е за неколку криминални работи, меѓу кои и за кривично дело- кражба. Наводно, украл десетина тегли во кои имало ткиво од човечки мозок  во вредност од 4.800 долари.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1