215 лица од Виница затруени од храна од сендвичарница


Масовно труење со храна во Виница. Од петокот до денес вкупно 215 лица побарале лекарска помош. Најголемиот дел се пожалиле дека во петокот јаделе од иста сендвичарница. Половината од затруените се вработени во виничка компанија за мебел, информираат од Кочанскиот центар за јавно здравје. Сите имале слични симптоми, дијареа и повраќање. Седуммина се задржани на лекување во Клиничката болница во Штип.

-Најмладиот пациент има 13 години, а највозрасниот 57 години, изјави Марина Шуманска, портпарол на Клиничка болница во Штип.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во саботата ноќта ја затворил посочената сендвичарница.

-По добиената информација од ЦЈЗ Кочани, инспектор од ДСЗИ во саботата половина час после полноќ ја затвори сендвичарницата, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

Покрај ДСЗИ на терен веднаш излегле и инспектори од Агенцијата за храна. Според првичните информации бактерија најверојатно е причина за масовното труење

Земени се мостри од храната, за која Агенцијата ги чека официјалните резултати од лабораториското испитување, иако првичните наоди говорат дека се работи за бактериска загаденост, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Инаку за една недела ова е второ масовно труење со храна во Виница. Претходно 25 лица се пожалиле на симптоми откако консумирале производи од слаткарница во градот. Петмина од биле задржани на Инфективно во Штип.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1