22 години од падот на авионот на „Авиоимпекс“ во Охрид (Фото/Видео)


Поминаа 22 години од денот, кога во 1993 година, во близина на аеродромот во Охрид се случи тешка воздухопловна несреќа, една од најтрагичните во историјата на Република Македонија.

Патнички авион од типот „Јак-42 Д“ на „Авиоимпекс“ се урна на околу 4 километри североисточно од охридскиот аеродром, во момент додека леталото беше во процедура на слетување.aviontrojane1-640x360

Официјалната верзија беше дека до незгодата дошло поради „грешка на пилотите“, кога во еден момент ја загубиле контролата над леталото и удриле во планината, при што загинаа 116 луѓе.

Авионот леташе на рута од Женева до Скопје, каде што требаше да слета. Меѓутоа, поради лошите временски услови, беше пренасочен кон охридскиот аеродром на принудно слетување. Се урна во месноста „Тројане“.aviontrojane2

1993-та година ќе биде со црни букви запишана во историјата на македонското цивилно воздухопловство. На 5-ти март 1993 година, на полетување од скопскиот аеродром, се урна патнички авион од ипот „Фокер 100“ на компанијата „Палер Македонија“ со 97 патници. Во несреќата загинаа 86 лица. Во аналите за несреќата е запишано дека причина за падот на „Фокерот“ е тоа што крилата на авионот не биле одмрзнати, што довело до негов дефект и паѓање.

На 28-ми август 2008 година, кај селото Скребатно, во близина на Охрид се урна помал авион од типот „Цесна 172“, при што загинаа четири лица, а беше повредено и едно малолетно девојче.aviontrojane3

Авионот во сопственост на „Скопје-ер“ фрлал летоци токму на овој ден, кога во Скребатно има неколку илјади луѓе кои масовно секоја година го одбележуваат празникот „Успение на Пресвета Богородица“, во народот познат како Голема Богородица. Среќна околност е што не се урнал врз толпата луѓе, што ќе предизвикаше трагедија од пошироки размери. Во несреќата загинаа тројцата патници во леталото од Охрид, како и пилотот од Скопје.

извор: ОхридПрес фото: архива

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1