Пoлицајците Предраг Шубариќ и Радован Миловановиќ го претепале келнерот Марко Б. (23), затоа што на сопстевикот на кафулето му пријавил дека испиле 8 пива, а не ги платиле
Биле пијани и во кафулето “Акорд”, во петокот, испиле 8 пива кои не ги платиле, раскажува Драгица, мајката на Марко кој за неплатената сметка го известил сопственикот на локалот.
Тие двајцата, следниот ден повторно дошле во кафулето, повторно биле во алкохолизирана состојба и го нападнале Марко со зборовите – Кој си ти да не пријавуваш дека на сме платиле сметка. Потоа го извлекле пред локалот, почнале да го туркаат, а откако тој вратил на нападите, тргнале брутално да го тепаат. Кога по целиот ќотек почнал да губи свест, едниот го кревал и го држел, а другиот го удирал, раскажува огорчената мајка.
Младиот Марко по целото малтретирање кое го доживеал, се јавил на својата мајка која случајот го пријавила во полиција.
Полицајците Предраг Шубариќ и Радован Миловановиќ
– Додека целиот крвав го сослушуваа во полициската станица, мене во ходникот ми приоѓаа колегите на двајцата насилници и ме убедуваа дека не било ништо страшно и да не им правам пролеми на Шубариќ и Миловановиќ. Не ми се веруваше што слушам. Им реков, нема да ќутам, кои сака нека се. Нема да се откажам додека не бидат казнети, завршила Драгица.
Од полицијата во Нови Пазар за српски Блиц изјавиле дека провтив двајцата полицајци е покрената дисциплинска постапка.