23 питони најдени во ѕидот во градинка – затворена е (Видео/Фото)


Во градинката Mitchell St Childcare Centre во Дарвин биле пронајдени змии, јајца од змии и штотуку излезени мали бебиња питони.

zmiiСпоред директорот на градинката тие вчера пронашле 41 јајце, 23 змии бебиња и една не толку задоволна 2,5 метри долга ,,мама,, питон.

Змиите се од типот таканаречени ,, тепих питони,, и имале направено гнездо во ѕидот во ќошот од собата. Прво забележале една мала змија, но со оглед на фактот дека во овој град оваа змија е честа, знаеле дека мора да има повеќе.

Веднаш ја затвориле градинката и почнале да бараат. Најдени се првично 14 мали со должина од 15 до 30 сантиметри насекаде низ собата.

726363-carpet-python-snakes-mitchell-st-childcare-centreНа оваа фотографија е мајката на две дечиња кои учат во оваа градинка во моментот додека ја набљудуваат најдената мајка питон.

За да ги пронајдат мајката и гнездото морале да ги откорнат дрвените панели од ѕидовите. Таму го нашле гнездото.
Според познавачите овие змии додека се мали не се опасни и дури и да гризнат се што треба е дезинфекција. Додека големите змии се и те како опасни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1