24 македонци сакаат да си го сменат полот


Во Македонија најмалку 24 лица се решени да си го сменат полот, од мажи да станат жени и обратно. Засега тие лица за себе велат дека се транссексуалци или на половина пат меѓу маж и жена.

berkeley-transsexual-e1295446189402Во Македонија ваков тип зафати не регулирани со закон, па затоа и не се прават, но приватните клиники нудат услуги од странски лекари кои може да ги советуваат овие лица, пишува Дневник.

Од Kлиничката болница „Аџибадем Систина“, каде што овие лица барале помош, велат дека за последните две години дури 24 лица побарале совет за ваков вид интервенции. Од болницата велат дека досега не се извршила ниту една таква интервенција оти кај нас с` уште нема таков закон со кој би се регулирале зафатите за промена на полот.

Лицата од Македонија, кои сакаат да го променат полот, најчесто тоа го прават во Србија, каде што законот дозволува вакви зафати. Од организациите велат дека немаат точна евиденција дали повеќе се заинтересирани мажите или жените да го сменат полот. Од невладините организации, кои им помагаат на трансродните лица, велат дека во моментов неколку лица се на хормонска терапија како подготовка за промена на полот, но засега немаат информација дека некој од Македонија сепак и хируршки го сменил полот.

Од болницата додаваат дека светските практики за промена на полот почнуваат со хормонска терапија, со која се менуваат сексуалните и полните карактеристики, потоа долготрајна и интензивна психолошка терапија и на крајот следува хируршкиот зафат за промена на полот.

Лекарите објаснуваат дека транссексуализмот долго го третирале како феномен, но подоцна научниците докажале дека со испитување на мозокот на лицата што се чувствувале заробени во тело од друг пол е откриена полна диференцијација во еден дел од мозокот. Една од значајните терапии е психолошката оти овие лица имаат висок степен на проблеми со менталното здравје, депресии, анксиозност, разни облици на зависност, но и голем степен на самоубиства, особено кога минуваат низ периодот на терапија.

Дневник

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1