25.000 исчезнале во борбата на нарко картелите во Мексико


Јавниот обвинител на Мексико излезе во јавноста со листа која покажува дека повеќе од 25,000 возрасни и деца  исчезнале од Мексико во последните шест години. Ваквите наоди се запишани во необјавени владини документи.
Збирката на податоци, доставени од страна на државните обвинители и проверени од страна на федералната влада, а кои никогаш досега не биле пуштени во јавноста, ги содржеле имињата на исчезнатите лица чија бројка достигнала над десетици ијади, хаос кој настанал за време на насилтвото кое го зафати Мексико во периодот на борбата против мафијата и криминалните банди.

Голем број на фамилии беа оставени да се прашуваат што се случило со нивните најблиски, дали истите се живи, или пак се меѓу 100,000 жртви на убиства забележани во текот на претседателството на Фелипе Калдерон, кој ја напушти функцијата во саботата.

Имињата на листата е далеку поголема од претходните вадини проценки кои се запишани во колоните на списоците на „Microsoft Exel“, заедно со датумите, возрастите, облеката што ја носеле, нивните работни места и уште неколку кратки детали. Листата која протече во јавноста е далеку поголема и недопрецизирана. Некои од исчезнатите можеби се вратиле во своите домови, но има и некои од семејствата кои своите најблиски никогаш и не ги пријавиле за исчезнати. Од 2006 до 2011 година државна комисија дала извештај, дека повеќе од 18,000 Мексиканци биле исчезнати. Портпаролот на Калдерон одби да ја каже причината зошто овие бројќи не се обелоденети за време на неговиот мандат. Ниту канцеларијата на јавниот обвинител не даде одговор на прашањата во врска со листата што нејзините членови на персоналот ја составиле.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1