25 годишниот Ментор Хусеини од Тетово утринава околу 9 30 минути е пронајден мртов во поранешната зграда на Телоком во центарот на градот која сега е во сопственост на Демократката Унија за интеграција. Хусеини бил обесено со јамка околу вратот на ограда од скалите во внатрешноста на објектот, јавува Телма.
Безживотнот тело е е предадено за обдукција по што ќе се знае под кои околности настанала трагедијата, дали се работи за самоубиствио или за нешто сосема друго
25 годишниот Хусеини работал како келнер во кафуле. Според кажуувањата на вработените од околните локали тој секое утро го отворал објектот на ДУИ а неофицијално се зборува дека имал нерасчистени долгови.