28 години затвор за Американец кој предизвикал епидемија на салмонела


Поранешниот сопственик на компанија за производство на путер од кикирики од Џорџија, Стјуарт Памел, синоќа е осуден на 28 години затвор поради учество во предизвикување епидемија на салмонела, во која заболеа 714 лица, а девет починаа, пренесе МИА.salmonela-sudenje1

Во реткиот случај на кривична тужба поради труење со храна, Стјуарт и неговиот брат Мајкл, кој работел во компанијата, се осудени под обвинение дека свесно им испорачувале на потрошувачите путер од кикирики заразен со салмонела.

Поради таа зараза од фабриката во Блејкли, во Џорџија, 2008 и 2009 година се случи едно од најголемите повлекувања на храна во историјата на САД, а компанијата „Американска корпорација за кикирики“ е ликвидирана.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1