28 годишен Македонец – нов пилот на Виз Ер – ќе вози Ербас


Авионот “ербас А 320” на нискотарифниот авиопревозник “Виз ер” кој отвори база на скопскиот аеродром “Александар Велики”, од април наредната година ќе го пилотира 28-годишниот скопјанец Димитар Ивановски. Тој ќе биде најмладиот пилот на авион во флотата на унгарскиот авиопревозник, пишува Вечер.

pilotДиме во моментов е во Франција каде се обучува на симулатор, но затоа, пак, информацијата за овој млад македонски пилот  ја даде Предраг Чемерикиќ кој во јавноста е познат како вљубеник во авионите, а до пред три години беше прв човек на интернет-провајдерот “Он.нет”.

– Диме, исто како и јас, од мали нозе е на спортскиот аеродром “Стенковец” крај Скопје. Можам да речам дека Диме буквално е роден на аеродромот, бидејќи и татко му Ѓорѓи Ивановски, кој е познат параглајдерист, но и мајка му и брат му се позната фамилија авијатичари – ни раскажува Чемерикиќ.

Има бизнисмени во Македонија кои се доволно богати да можат да си дозволат да имаат приватен авион. Не е проблем тоа што малите авиони се скапа инвестиција. Да речеме, поекономичните и посовремени нови авиони, како “пајпер меридијан” чинат 1,3 милиони евра, одржувањето на личен авион чини многу пари, дури до 100.000 евра годишно за плати на двајца пилоти плус за гориво.

Но, според Чемерикиќ, кај нас има можност да се изнајми приватен авион. Таква можност нудат четири странски бизнисмени од Чешка, Романија.

– Претходно се закажува терминот, а цената зависи од типот на авионот и се движи од 900 до 2.000 евра за еден час лет. Тоа му е потребно на еден бизнисмен кој на пример, ако треба да оди за Тиват или Подгорица и за тоа со автомобил му се потребни 15 часови, со изнајмен авион би стигнал за еден час – вели Чемерикиќ.

Vecer

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1