Ако ви дадат фалс евра и не ги пријавите – вие ќе одите во затвор за фалсификување


evra

Три години во својот дом прилепчанец чувал фалсификувани пари.

По претресот во неговата куќа и во помошните простории во јули оваа година, полицијата кај него пронашла фалц три банкноти од 100 евра и четири лажни банкноти од по илјада денари.

Како што велат од МВР, утврдено е дека парите 40 – годишниот Г.Р. ги поседувал уште од 2010 година. Според неговиот исказ, лажните пари му биле подметнати од непознати лица во угостителскиот објект што го поседувал.

Но иако знаел дека парите се фалсификат тој не ги пријавил кај надлежните органи. Сега ќе одговара за сторено кривично дело фалсификување пари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1