Жена го „ошурила“ – Сопственикот на фабриката Јадран тврди дека му украла 1,5 милиони евра


Ме измами, ме ограби и се обиде на криминален начин да ми ја земе фабриката. Вака сопственикот на Јадран Готино Фудс, една од најголемите фабрики во тиквешкиот регион ја започнува својата приказна. Вели дека погрешната проценка и соработката со една жена го чинела 1,5 милион евра, пренесува Сител.

izmamenВо текот на изминатите 3 години, соработувавме со финансика куќа и со лице кое е претставуваше дека е директорна та финансиска куќа, Суза Д. На крајот излезе дека ниту таа е директор а оштетени сме за најмалку ,5 милиони евра преку пренаплатување и преку директни одливи на пари од нашите сметки.

Ќулаков пред 3 години склучил договор со неа и нејзината фирма која работи на откуп на побарувања. Преку поволни услови го намамила во банка за која како што тврди, веќе имала инсталирано своја кирминална мрежа. Го измамила да потпише меница на 1,2 милиони евра и продолжила преку пренаплатување и директни одливи да му ги извлекува парите од сметката, тврди сопственикот на фабриката. Кога увидел дека парите постаојано течат некаде, Ќулаков ангажирал ревизорски куќи, го купил најскапиот софтвер за финансиско работење и конечно, како што тврди, успеал да најде, каде одат парите.

„Во моментот кога се открива еден мал дел од нејзиниот криминал ја викаме на состанок да и сопштиме дека знаеме точно дека што и како има направено во текот на тие 3 години. И во истиот момент, односно во утрешнио ден, на незаконски начин преку нејзината криминална мрежа ни ја блокира сметката“.

Сега Ќуалков правдата ја бара на Суд.

Веќе поднел кривична пријава до одделот за организиран криминал и се надева дека институциите ќе им застанат на патот на како што вели, подмолните криминалци.
Сител стапи во контакт и со Суза.Д. Во краток телефонски разговор таа ни рече дека станува збор за куп фалсификувани документи и дека таа не направила никакво кривично дело. За повеќе детали  упати кај својот адвокат.

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1