Нови острови никнуваат по земјотреси – никна втор остров


При ерупција на вулкан во Тихиот Океан се формира ново островче на 1.000 километри јужно од Токио, соопшти јапонската крајбрежна стража.
ostrov2Островчето е со дијаметар од околу 200 метри и се наоѓа во непосредна близина на малиот ненаселен остров Нишиношима.

Крајбрежната стража соопшти дека од кратерот на вулканот се крева густ црн чад. Нешто слично во овој реон првпат се случи пред 40 години, кога во 1973 годинасе појави островот Шиншима-Нишиношима. Вулканолози предупредуваат дека новото островче може да исчезне од ерозија.

Вулканологот Кироши Ито, кој е одлично запознаен со овој предел, изјавил дека е можно островот да исчезне со текот на времето, поради ерозијата и тектонските промени, но и дека истиот би можел да остане засекогаш.

Слична ситуација се случи пред нешто повеќе од два месеци во Пакистан, каде што по силниот земјотрес, од водите исто така “никна” нов остров.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1