Сопруга на загинат рудар: По трагедијата во рудникот животот ми се зацрни


Најтешко е да се биде вдовица на загинат рудар. Немам пензија, долго време немав здравствени картони, но најтешко ми е што немам пари, а болна сум и ми требаат средства за лекување. Со овие зборови и со голема горчина во срцето ја почнува својата приказна за Дневник, Станка Стаменковска, сопруга на рударот Војо Стаменковски, кој загина во мај лани во трагична несреќа во рудникот „Саса“.

zena taguva - solzaТаа и нејзиното семејство се едни од ретките кои во моментов тужат за да докажат дека трагедијата во рудникот била предизвикана поради негрижа на раководството.

Таа живее сама во семејната куќа во селото Саса без приходи, без пензија. Двете ќерки живеат во Италија, а третата во Kочани.
Сопругата и ќерката на Стаменковски обвинуваат дека тој, откако бил повреден во јамата длабока 900 метри, барал помош, но таа стигнала дури по еден час. Тука не запреле проблемите. Наместо веднаш да биде однесен во болница, тие чекале друго возило да го однесе до Здравствениот дом во Македонска Kаменица бидејќи во џипот од рудникот снемало гориво. По пат Стаменковски им подлегнал на повредите.

Тврдеа дека записникот од обдукцијата и извештајот од државниот рударски инспектор укажувале на тоа дека Војо загинал од негрижа, а не поради несреќа при работа.

Санкции за рудникот „Саса“

28092012161933_sasa[5]

Министерството за труд и социјална политика поднесе кривична пријава и четири прекршочни пријави против фирмата „Руен“ и рудникот „Саса“ по вонредната инспекција извршена еден ден по загинување на рударот Јанче Дојчиновски (31), одржувач на машини во рудникот. Тој загина неделава во несреќа што се случила во јама во рудникот. Влегол во една од јамите на рудникот за да поправи рударски камион, но дел од машината паднал врз него и тешко го повредил. Починал во кочанската болница.

Годинава ова е втора рударска несреќа со смртни последици во Саса. На 25 април во една од јамите на најголемиот македонски рудник за олово и цинк загина рударот Даниел Велков. За нешто повеќе од четири години, од јули 2009 досега, имаше осум несреќи, заедно со последната, со исто толку загинати рудари.

Целата сторија на Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1