Му го украле моторот пред 50 години – полицијата сега му го нашла


Доналд Деволт пред речиси половина век останал без својот мотор. Кражбата ја пријавил во февруари 1967 година. Деволт сега 73 годишен пред две недели дознал дека властите во Калифорнија го нашле неговиот мотор во Лос Анџелес.

motor ukradenМоторот од марката „триумф тајгер 100„, му бил вратен вчера.

Вредноста на моторот тогаш била 300 долари, а денеска вреди 9.000 долари.

Деволт го имал моторот малку повеќе од една година, кога бил украден од неговиот двор. Тој сега во својата гаража има „кавасаки„ и „харли дејвидсон„, а планира вратениот мотор да го чува за посебно возење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1