На прославата во белградскиот клуб дошло до пукотници. Друштвото на убиената 29 годишна девојка прославували раѓање на бебе – погодена во стомакот пренесена е во болница но починала.
Во текот на прославата во клубот на Ада Циганлија тројца мажи влегле во кавга по што еден од нив извадил пиштол. Испукал повеќе куршуми. Еден од куршумите ја погодил девојката во стомак. Починала во болница.
Тројцата избегале и полицијата трага по нив. Приведен е сопственикот на клубот како и братот на девојката.