29 годишно момче вчера исчезна во водите на Дојранското езеро. По долгата потрага неговото тело е пронајдено.
Според првичните информации од полицијата, 29- годишниот Александар В. од Пехчево возејќи се со педалинка со уште две лица паднал во водите на езерото и се удавил.
Неофицијално, Александар не знаел да плива.