29 новозаболени од корона вирус во земјава


Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 254
Куманово – 128
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп –34

Тетово – 29

Струга – 28

Велес – 10
Битола –6
Охрид –3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 3
Радовиш -4
Крушево – 2
Кочани – 17

Во изминатото деноноќие направени се 386 теста. Од нив преку ИЈЗ- 229, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –22 , Биотек – 22 и Фипил Втори (Жан Митрев) –105 . Досега во земјата се направени 5.879 тестирања на Ковид-19.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1