29 повредени патници од автобусот на ЈСП се во Градска болница


Во Градската болница „Св. Наум Охридски“ утринава пред осум часот биле примени вкупно 29 лица, сите патници од автобусот кој се преврте во скопско Драчево.

Директорката на болницата Јасмина Чабуковска за Курир вели дека задржана е само една жена на возраст од 50 години, јавува Курир.avtobus-dracevooo-500

-Пациентката има комоција на главата и е на одделот на неврохирургија. Не е во витално загрозувачка состојба и е задржана на опсервација,поради каракатерот на повредата. Останатите лица кои беа примени по извршените прегледи со контузии по телото, се пуштени на домашно лекување, изјави за Курир д-р Чабуковска.

Дел од поврдените лица кои побарале лекарска помош во ГОБ „Наум Охридски“ дошле со Брза помош, дел со приватни возила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1