Артефакти кои датираат 3 до 4 илјади години пред нашата ера се најдени од археолозите од Музејот на Македонија на локалитетот Свети Атанасиј кај Спанчево.
Истражувањата ќе траат еден месец, а во изминатите десетина дена се работи на неколку пунктови, затоа што е констатирано дека археолошкиот материјал се наоѓа во пошироката околина на постојниот манастир, јави Канал 5.
според археолозите се работи за праисториско светилиште. Луѓето од тој период верувале дека принесувањето соодветни фигури ќе им донесе плодност.