Х.Ф. (83), А.М. (14) и Р.А. (1,5) од Шипковица, како и А.И. (7) од Тетово се четирите жртви од вчерашното силно невреме во Тетовско, потврди утрово Секторот за внатрешни работи.
Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, телата на починатите се пронајдени, а како исчезнато се води шестгодишно девојче од Шипковица, пренесе МИА.
– Повредени се засега 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома, рече Јосифовски.
Во Тетово се оштетени четири возила од паѓање гранки, дрва, предмети. Се уште се пријавуваат штети на куќи и објекти однесени од свлечишта.
Како што информира полицијата, и Вратничкиот мост меѓугорно Орашје и Нераште е однесен.