Во тешка сообраќајка која се случила денеска во 16 часот и 55 минути на местото Дромира во Црна Гора, загинаа три лица, а едно е повредено.
До несреќата дошло кога со возилото Форд фиеста, во кое се наоѓале четири женски лица, излетало од патот во кањонот Морача.
Според неофицијални информации, лицето М.Т. за сега од неутврдени причини изгубило контрола над возилото, кое преминало во спротивната лента и излетало во кањонот длабок повеќе од 150 метри.
М.Т пред автомобилот да падне во кањонот успеала да излезе од возилото што веројатно на тој начин и си го спасила животот.
Таа е веднаш пренесена во Клиничкиот центар во Црна Гора.
Службите ги извлекле беживотните тела од возилото.
На лице место пристигнал и обвинителот и вештаците, кој треба да ги утврдат причините за несреќата.