30 дена притвор за делчевецот кој изврши полов напад врз ќерката (13) на своите пријатели


Делчевецот којшто изврши полов напад врз малолетно девојче на негови пријатели доби 30-дневен притвор.

Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека 46-годишниот делчевец на 16 март околу 20 часот дошол во посета на соседите во време кога родителите на девојчето не биле дома и со намера да ги задоволи своите полови страсти извршил полово дејствие над девојчето заканувајќи му се да не кажува.

Завчера во 12.35 часот во Полициската станица Делчево случајот го пријави 37- годишна жена, мајка на девојчето. Според нејзиниот исказ во полиција на 16 март околу 20.30 часот, додека со нејзиниот сопруг не биле дома, а нивните две малолетни деца на возраст од 12 и 14 години останале дома со нивниот дедо, дошол нивен семеен пријател.

Кога се вратиле дома околу 22.30 часот, синот им кажал дека, по кажување на сестра му, во дневната соба семејниот пријател ја допирал по телото и и кажал да не кажува никому.

Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Кочани поднел предлог за определување мерка притвор имајќи ја предвид тежината на делото за кое е пропишана казна затвор од најмалку 12 години. Надлежниот јавен обвинител оценил дека постојат и околности што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот и влијание врз сведоците и попречување на постапката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1