Снег во Македонија- еве каде


Снегот веќе пристигна во Македонија. На повисоките места уште од утрово се бележат снежни врнежи.
Во моментов вее во Маврово и на Попова Шапка, а слаб снег провејува и на планинските превои Стража и Пресека. На другата страна од државата слаби врнежи се регистрираат на граничниот премин Деве Баир
Повремени врнежи од снег и намалување на температурите за десетина степени најавуваат од утре метеоролозите во наредните денови.

Од утре под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Локално ќе има услови и за појава на замрзнат дожд. Најмногу врнежи ќе има во четврток, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 20 л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира помала снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три, а дневната од минус два до шест степени.

Во петок се уште ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег.

В сабота и в недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од минус четири до еден степен.

Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд.

Температурата ќе биде во раст од понеделник кога максималната ќе достигне до 14 степени. Утринската ќе се движи од еден до пет степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1