30 дена притвор за Груевски одреден за случајот ,,Талир,,


Kривичниот суд Скопје донесе решение на обвинетиот Никола Груевски му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото лишување од слобода.

Kривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во

предметот од обвинителството означен како „Талир”, донесе решение со кое го уважи предлогот и на обвинетиот Никола Груевски му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање, односно лишување од слобода.

-Кривичниот совет при овој суд постапуваше по предлогот и го донесе горе наведеното решение по добиениот допис од претседателот на Собранието на Р.Македонија, кој во судот е примен денеска, а со кој се известува советот дека врз основа на Извештајот на Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања, Собранието на Р.Македонија, согласно член 54 ст. 1 од од Деловникот на Собранието на Р.Македонија го одобрило барањето на кривичниот совет при овој суд за одобрување на мерка притвор против Н.Г., пратеник во Собранието на Р.Македонија, наведуваат од Основен суд Скопје 1.

Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа до Апелацискиот суд – Скопје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1