Македонската естрадна сцена никогаш не ги заборави Сашка Петковска и членовите на балетската група „Авона“. Се навршуваат 30 години од кобната сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе кога настрадаа девет лица, естрадни уметници, нивни пријатели, колеги, како и припадници на тогашната ЈНА.
Несреќата не дозволи тие да го одржат концертот за припадниците на Југословенската армија кои се наоѓаа на извршување на редовните обврски кај Свети Николе.
На 31 август 1983 година меѓу деветте жртви во тешката сообраќајна несреќа беа Сашка Петковска, како и членовите на „Авона“ – Пепи, Еви и Вељко (Ташо).
„Иако поминаа три децении од нивната смрт, сепак, сеќавањата за Сашка и мојот добар пријател Вељко, како и за Пепи и Еви никогаш не избледеа“, вели Панде Димитровски, продуцент.