300 евра казна ако не плаќате за куќен совет – сеуште мака мачат со плаќање сметки


Законот за домувањето предвидува казна од 300 евра доколку не ги плаќа редовно надоместоците за одржување на зградата.  Исто така казни има и за претседателите на куќните совети доколку навремено не ги плаќаат сметките или не поднесуваат отчет на станарите. Често се случува едни те исти станари да не плаќаат, а плаќачите да трпат влез без струја поради тоа.

Засега инспекторите не казниле никого, но затоа често се случува станарите да не си ги подмируваат обврските и поради тоа влезовите да се во мрак без струја поради неплатени сметки или да се нема пари за чистачка па влезовите да се валкани.
како што пишува Дневник инспекторите од скопските општини најпрво одат со опомени, а не веднаш со казни и тоа давало резултати.

Претседателот на Регулаторната комисија за домување, Душко Kадиевски, за Дневник изјавил дека нашите граѓани не се навикнати на дисциплина, но постепено ќе се адаптираат. Околу 5.000 станбени згради имаат регистрирано заедници на сопственици на станови или управители. Ако имаат управител, тој ги дава на извршител оние што не плаќаат редовно.

Ако сопственикот не плати во рок од 30 дена од денот на приемот на повикот, тој поведува постапка за наплата на долгот пред надлежниот суд и истовремено го известува овластениот инспектор за домување. Ако управителот постапува спротивно на законот, а надлежен орган на инспекцијата или органот на кривично гонење повел постапка против него, сопствениците на посебните делови можат да го раскинат договорот без отказен рок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1