Ви се спие на работа? Не е до вас речете му на газдата нема воздух – научно докажано


Американските научници ја објавија студијата во која тврдат дека високото ниво на јаглерод диоксидот во канцелариите е најголемиот виновник за лошата концентрација и способноста за одлучување на луѓето на работното место. Симптомите на поспаност, немање концентрација, замајаност или заматеност на погледот се последица токму на ова, тврдат научниците.



Јаглерод диоксидот во затворените простории го произведуваат луѓето, а поради лошата вентилација, неговото ниво се зголемува и доколку нема доволно прозорци или силна вентилација работниците ќе испозаспијат и зеваат, вели студијата.

Најголем проблем имало во простории каде работат повеќе луѓе на едно место или пак во училиштата. Оваа состојба не е опасна по здравјето но и те како влијае на работната способност, вели авторот на студијата, Вилијам Фиск од Универзитетот во Њујорк.

Според него дневна светлина, доволно кислород и хигиена на работните места е клучна доколку сакате продуктивни работници. канцелариите каде имало теписони наместо дрвен под или плочки имало поголема концентрација на прашина и бактерии ( кои се нафаќаат на килимот) ова го вдишуваат вработените и доколку се работи за просторија таканаречен океан – каде работат и по 10 лица тогаш бидете сигурни дека по само 2 часа престој работниците ќе почнат да зеваат, вели Фиск.

Ова краткорочно не е штетно, но вдишувањето прашина, недостаток на светлина или кислород на подолг рок ќе влијае на целокупниот имунитет на работникот и токму затоа работодавците мора да се примораат да ги почитуваат препораките на лекарите за здраво работно опкружување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1