300 страници докази за криминалните зделки на Александар Петрески


Кривичната пријава за екс градононалалникот на Охрид и неговите соработници поткрепена со докази на 300 страници. Злоупотреба на јавните набавки, коруптивни афери, местење тендери. Направени и 2 илјади цесии спрема фирмите. Првоосомничениот Петрески давал наредби на вработени во општината дел од побарувањата на доверителите да не бидат книжени. За 7 години од општината до Централниот регистар, Заводот за ревизија и до финансии биле доставени 8 фалсификувани завршни сметки. Се прикажувала помала сума на долгови.

Aleksandar petrevki ap_0

Екс охридскиот градоначалник примил и платил за презентирање на туризам 6 фактури во износ од 1 милион и 110 илјади евра и 3 фактури од 840 илјади денари за дополнителни материјали за промоција. Во 2005 и 2007-та без тендер во вредност од 20 милиони денари е направена јавна набавка за крпење на ударните дупки. Во 2008-та нов договор од 3 ипол милиони денари и еден анекс од еден милион за улични рабници што не се реализирал, а исплатени 11 милиони и 567 илјади денари.

Во 2011-та уште една злоупотреба на јавна набавка за хоризонтална сообраќајна сигнализација. Општината била задолжена 1 милион денари од фирма блиска на Петрески. Петрески перел пари преку негов близок и за јавна набавка тешка 1 ипол милиони евра за изградба на улица  во населбата Бај Бунар , која никогаш не била направена. Примил и поткуп од 12 илјади евра.

Вкупниот долг што го оставил екс градоначалникот на Охрид Петревски е 50 милиони евра. Од нив 34 милиони евра е задолжена само општината, а останатиот долг е на Јавните претпријатија. Од општината информираат дека таа плаќа дневна камата од 14 илјади евра за извршени судски решенија.Досега од затекнатиот долг се вратени 4  милијони евра. Нови долгови  не биле направени. Општната работи со блокирана сметка, а функционира со дозволена рамка од судот за исплаќање плати и основни трошоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1