Денеска од Кабинетот на генералниот директор на “Македонска пошта” информираат дека во пожарот кој ја зафати зградата изгореле вкупно 3247 евра.
Комисијата за попис на паричните средства по извршениот попис во единицата на поштенска мрежа 1101, сместена во Зградата на А.Д Македонска пошта- Скопје, која беше опфатена од пожарот, констатирала кусок на парични средства од 15.206,00 денари, oдносно 247 евра, информираат денеска од кабинетот на генералниот директор.
Од благајната за менувачко работење, пред да настане пожарот биле подготвени да достават 3.000 евра како дотација во Поштата 2210 Пробиштип. Пописната комисија ги пронашла парите делумно изгорени.